ОБВИНИТЕЛСКИ ТИМ ОД МАКЕДОНИЈА ВО БРИСЕЛ Јовевски и екипата ќе помагаат во истрагата за големиот корупциски скандал
„Со нашата помош на колегите во Брисел, ќе покажеме и ќе докажеме дека се неправедни критики на сметка на обвинителите и на македонското правосудство за лошо справување со корупцијата“, изјави македонскиот државен обвинител.
Тим составен од јавни обвинители од Македонија замина во Брисел, за да помогне во истрагата за големиот корупциски скандал во Европскиот парламент, откако белгиската полиција почна втор бран рации во домовите на европарламентарците.
Македонскиот тим за борба против корупцијата го предводи државниот обвинител Љубомир Јовевски, чија кандидатура за уставен судија е оспорена, по критиките од јавноста и од вицепремиерката за борба против корупција Славица Грковска.
– Со нашата помош на колегите во Брисел, ќе покажеме и ќе докажеме дека се неправедни критики на сметка на обвинителите и на македонското правосудство за лошо справување со корупцијата – изјави Јовевски.
За денес попладне е закажана средба на Јовевски со Урсула фон дер Лајен, која и самата се соочува со сериозни обвинувања во врска со договорите за вакцини против ковид-19. Напосредно пред средбата, таа изјави:
– Со нетрпение го очекуваме тимот од Северна Македонија. Сигурни сме дека ќе ја потврдиме нашата посветеност на борбата против корупцијата во европските институции. Придонесот на македонските истражители и обвинители во таа смисла може да биде огромен, како што е тоа случај и во вашата земја.
На пат кон Брисел, Јовевски твитна на Твитер: „Одлуката да сменување на уапсената потпретседателската на ЕП Ева Каили е охрабрувачка. Нулта толеранција за корупцијата“.
(Веста е измислена, навистина е измислена)