ПОЧИНА НОВИНАРОТ КОЈ НОСЕШЕ МАИЦА СО ЛГБТ БЕЏ Братот на Грант Вoл тврди дека е убиен

Грант Вoл починал додека известувал на натпреварот Аргентина - Холандија

888

Еден од најпознатите американски спортски новинари, Грант Вoл, синоќа почина во Катар додека известуваше од Светското првенство.

Американската фудбалска асоцијација соопшти дека Вол починал додека известувал за четвртфиналниот натпревар, а медиумите тврдат дека тој починал за време на натпреварот Аргентина – Холандија.






Причината за смртта е непозната, но неговиот брат изјави дека е убиен бидејќи  Вол на натпреварот САД – Велс се обиде да влезе на стадионот со маица на која имаше беџ на ЛГБТ заедницата.

– Поради мене носеше дрес со ЛГБТ знаме на Светското првенство. Не верувам дека брат ми почина, сигурен сум дека е убиен – изјави Ерик.

Дел од неговите колеги зборуваат дека тој само паднал од своето седиште за време на натпреварот. Лекарските служби интервенирале, но не успеале да го спасат.

Поврзани содржини