ЛУЃЕТО ВРЕСКАА, ЕДЕН СЕ ВРАТИ СО ЦРН ЈАЗИК Украински заробеници раскажуваат што доживеале во Херсон
Кога измачуваат некого со електрошокови, можете да го слушнете тоа. Тоа е многу специфичен звук. Луѓето врескаа од болка, изјавила Ангела Слободјан за Би-Би-Си, додавајќи дека не можела да спие бидејќи светлата постојано биле вклучени.
Додека скандалот со видеото од десетина руски војници кои беа брутално застрелани во главата од страна на Украинците во селото Макиевка се шири по медиумите, работите не изгледаат сјајно ни од другата страна. По ослободувањето на градот Херсон, на улиците беа пронајдени 63 тела на луѓе кои биле измачувани. На ѕидовите во една ќелија пишувало „Господ да ни даде сила“ и бил нацртан крст. Русите успеале да заробат украински војници, а дописник на Би-Би-Си разговарал со двајца од нив. Тие велат дека месец дена биле мачени во полициската станица во градот.
Ангела Слободјан (49), која пред руската инвазија работела како ТВ водителка, вели дека Русите психички ја мачеле повеќе од еден месец во мала ќелија, која ја делела со уште четири жени.
– Кога измачуваат некого со електрошокови, можете да го слушнете тоа. Тоа е многу специфичен звук. Луѓето врескаа од болка – изјави таа за Би-Би-Си, додавајќи дека не можела да спие бидејќи светлата постојано биле вклучени.
Ukraine uncovers torture dungeon in Kherson where prisoners scrawled ‘God give us strength’ on walls as 63 bodies of victims are found after ‘horror movie’ Russian occupation. https://t.co/ah44Pvt6kt pic.twitter.com/rqRMu3rftP
— Eugene Mecke (@emeckejr) November 17, 2022
Кога конечно ја пуштиле да си оди, таа сфатила дека не може да спие во темница. Олександар Максименко (69) бил во собата со уште 15 мажи. Тој вели дека Русите постојано ги тепале и ги мачеле, а некои луѓе биле подложени на струен удар.
– Беше страшно. Едниот беше вратен во ќелијата по сослушувањето, јазикот му беше целосно црн. Му беше толку отечен што не можеше да го врати во уста – изјави Максименко.
Затворениците биле принудени да ја научат руската национална химна, а Максименко вели дека го принудиле да снима за руската телевизија.
Русија постојно негира дека извршила воени злосторства. Истовремено, Украина под притисок на меѓународната заедница се согласи да спроведе истрага за застреланите руски војници во Макиевка.