КОВАЧЕВСКИ И ШАЌИРИ СЕ ЗАЛОЖИЈА ЗА ПОДОБРО ОБРАЗОВАНИЕ Поголеми финансии, дигитализација, инклузивност

Владата и МОН ќе се заложат за воспоставување на нова финансиска рамка за постепено зголемување на средствата за основно и средно образование за општините до 35 проценти, како и за оптимизирање на училишната мрежа за да можат сите училишта да обезбедат квалитетно образование согласно националните образовни стандарди. 

88

На третиот ден од Самитот на Обединетите Нации за трансформација на образованието кој се одржа во Њујорк, САД, се организира тркалезна маса на лидери, на која шефовите на држави и влади дискутира и ги искажаа националните визии, идеи и заложби за подобрување на квалитетот на образованието во пост-пандемискиот период.

Покрај Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на тркалезната маса воедно присуствуваа министерот за надворешни работи Бујар Османи и Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.






Премиерот во својот говор се осврна на заложбите на Република Северна Македонија, но и на конкретните чекори преземени во насока на трансформација на образованието на државно ниво, со цел да се обезбеди квалитетно и достапно образование за сите.

Како резултат на националните консултации за тоа како треба да изгледа образованието во државата во иднина, МОН со поддршка на УНИЦЕФ спроведе повеќе чекори.

Надлежните институции и во следниот период продолжуваат да со заложбите кон брзо закрепнување на образовниот систем од последиците на пандемијата со Ковид-19 и намалување на пропустите во учењето настанати во периодот кога воспитно – образовниот процес се организираше во вонредни околности.

Владата и МОН ќе се заложат за воспоставување на нова финансиска рамка за постепено зголемување на средствата за основно и средно образование за општините до 35 проценти, како и за оптимизирање на училишната мрежа за да можат сите училишта да обезбедат квалитетно образование согласно националните образовни стандарди.

Фокусот на образовните политики ќе биде насочен и кон изработка на нови материјали за настава и учење кои ќе бидат достапни и во дигитален формат, инвестиции во развој и примена на нови дигитални алатки, односно инвестиции во подобрувањето на дигиталната инфраструктура на сите училишта, како и грижа за професионален развој на наставниците, особено преку јакнење на дигиталните компетенции.

Еден од приоритетите на МОН и на Владата е градење на инклузивно предучилишно и училишно образование кое ќе ги опфати сите деца, вклучително и оние кои потекнуваат од ранливи категории и семејства, кои мора да стекнат основни вештини за учење за да го остварат својот целосен потенцијал.

Училишната средина мора да биде мирна и хармонична, да се почитуваат различностите, да се стимулираат достигнувањата на учениците и да се води грижа за нивното ментално здравје.

Акцент е ставен и на обезбедувањето можности за доживотно учење, преквалификација и доквалификација.

 

 

Поврзани содржини