ОДЛИЧНИ СЕ УСЛОВИТЕ ВО РЕКОНСТРУИРАНИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Јанеска ги повика претставниците на СДММ да лично да направат проверка

Според министерката, „Стив Наумов“ е првиот од деветте студентски домови кои ќе бидат темелно и енергетски ефикасно реновирани во текот на мандатот на актуелната Влада.

43

Условите во реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во скопска Автокоманда се одлични, реагираше во објава на Фејсбук министерката за образование Весна Јаневска по тврдењето на Социјалдемократската младина(СДММ) дека реконструкцијата на домот вредна десет милиони евра не издржала ниту еден месец.

Јаневска ги повика претставниците на СДММ лично да го посетат домот и да се уверат во состојбата.






Според министерката, „Стив Наумов“ е првиот од деветте студентски домови кои ќе бидат темелно и енергетски ефикасно реновирани во текот на мандатот на актуелната Влада.

Осврнувајќи се на пријавените проблеми, Јаневска вели дека изолирани ситуации може да се појават и во реновиран објект, но нагласува дека домот е под гаранција и дека изведувачот ги санира недостатоците.

„Несакани ситуации може да бидат предизвикани и од корисници, за што апелиравме на одговорно користење при самото пуштање на објектот. Раководството на домот се соочи со запушена канализација поради фрлени влажни марамици; активиран алармен систем поради заборавена храна во вклучена микробранова печка во чајна кујна, како и поради запалена цигара во соба; откорнат радијатор; паркирани автомобили на зелени површини во дворот на домот Сите ситуации се надминати“, пишува Јаневска.

Таа тврди и дека храната во домот ги исполнува пропишаните нутритивни стандарди и тоа може да се види во секое време.

Јаневска додава дека се залудни  обидите на СДСМ за дискредитација на работата на Министерството за образование и наука и за поттикнување незадоволство кај студентите.

„Така можат со своето членство, но пошироката јавност не верува на нивните приказни. Конечно, однесувањето на СДСМ најдобро го објаснува зборот – лицемерие“, пишува Јаневска.

Поврзани содржини