РЕФЕРЕНДУМОТ Е РУСКИ РУЛЕТ, ЛЕК ПООПАСЕН ОД БОЛЕСТА Мерсел Биљали за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ
Значи, и птиците знаат дека тоа е руска опасна инфекција која особено за Македонија може да биде и смртоносна. Да не заборавиме дека Македонија е создадена и сочувена од страна на САД. Без нив можеме само да претпоставиме што ќе се случеше со државата. Секое исекување на тоа сојузништо со таа суперсила значи сечење на гранката над која лежи целата држава – вели Биљали.
Референдумот е ирационална и многу ризична операција, која им оди во прилог на руските планови за дестабиклизација на балканскиот регион, може силно да им наштети на односите на Македонија со Брисел и со Вашингтон, но „среќа во несреќа“ е што граѓаните нема да го поддржат и тој ќе биде неуспешен – смета Мерсел Биљали, аналитичар, колумнист и професор на правниот факултет на универзитетот ФОН.
– Од политички аспект, тоа е тотално ирационална операција која државата и сите нејзини граѓани ги турка кон опасен кањон, оти каузално, таа го минира комплетно евроатлансткиот процес. Тоа е лажен политички лек кој е многу поопасен од болеста, дури смртоносен за државата. Тука не верувам дека е во прашање некакво незнаење на вмровското водство, оти деструктивните последици од таква постапка ги знаат и децата од предшколска возраст. Очигледно дека се работи за свесна диверзија на не само кон евоатлантскиот процес во државата, туку и кон мирот во регионот. Тоа е мечкина услуга за поларната мечка која заглавила со Украина, па сега прави сè за префрлување на дестабилизацијата кон балканскиот регион. Оти само така Русија полесно, побрзо и со поголеми фавори може да го заврши конфликтот со Украина – смета Биљали.
Според него, нема дилема дека иницијативата за референдумот е поттикната од руското влијание во регионот, или барем дека им оди во прилог на руските интереси.
– Значи, и птиците знаат дека тоа е руска опасна инфекција која особено за Македонија може да биде и смртоносна. Да не заборавиме дека Македонија е создадена и сочувена од страна на САД. Без неа можеме само да претпоставиме што ќе се случеше со државата. Секое исекување на тоа сојузништо со таа суперсила значи сечење на гранката над која лежи целата држава. Тоа е крајно опасен руски рулет, оти сите комори имаат внатре по еден смртоносен куршум – вели Биљали.
Ако евентуално биде успешен референдумот, како што посакуваат предлагачите, тогаш целата држава ќе наликува, како што вели тој, „како риба на суво“.
– Да преземате такво нешто, дури ако целта ви е политичко анимирање, тоа наликува на палење оган на бензинска пумпа. Приказните за бугаризација на Македонскиот народ е евтина и навредувачка приказна. Луѓето со векови го сочувале својот идентитет и тогаш кога не знаеле ниту една буква. За жал, по кој знае кој пат, во ваков опасен проект за докрајчуваење на државата, свесно или несвесно како најголем „сојузник“ се наметнува најголемата опозициска партија. Таа партија добро знае дека за полесно да дојдете на власт подобро е да ги користите мааните на луѓето отколку нивните доблести. Често тука помага накоја радосна лага отколку некоја горка вистина. Верувам дека за ова силно се аплаудира во Москва – вели Биљали.
Тој прашаува дали знаат иницијаторите што ќе се случи наредниот ден, ако референдумот случајно успее.
– Ако евентуално референдумот биде упешен, за што се мали шансите, тој ќе биде кобен за целокупниот интегративен процес и уништувачки за целата држава. Замислете, дури и една силна Србија како природен сојузник на Русија, силно е свртена кон ЕУ, дури има и партнерство за мир со НАТО, прави чувствителни компромиси за Косово, оти знае што се витални национални интереси. Македонија никако не треба да глуми светска суперсила, понајмалку така да се однесува. Мислам дека таква политичка и безбедносна авантура по глава ќе му се скрши на вмровското водство, кое наместо да понуди алтернативи за економски развој за која реално имаат потреба луѓето, таа бистри висока празна ама докрај опасна политика. Би ги запрашал нив – што ќе се случи утредента ако евентуално успее референдумот?! Што наредниот ден, што со Брисел и Вашингтон?! Кај нив изгледа сериозно е нарушена релацијата меѓу умот и разумот. Ѓаволот не се брка со друг ѓавол, оти тогаш ќе имаме работа со двајца ѓаволи. Но, среќа во несреќата е што поголемиот број на граѓаните добро знаат каде тоа води. Тие добро ги читат вистинските намери на постојната опозиција и резултатот ќе биде загрижувачки за нив. А политичкиот профит над нула. Никој кој има малку знаење не е толку будала за да се нафати на таков самоубивствен руски рулет. Бројката од 900 илјади нема да се исполни ниту до половината – прогнозира професорот Биљали.