АЈКУЛА НАПАДНА 10-ГОДИШНО МОМЧЕ НА ФЛОРИДА Лекарите морале да му ја ампутираат ногата на малиот Џејмсон (ФОТО)

По кратка борба со водното чудовиште, Џејмсон успеал да се врати во чамецот, но со огромна повреда на ногата. За среќа, на чамецот на неговото семејство имало медицинска сестра која веднаш ги презела сите мерки за да не искрвари момчето.

384

На 10-годишно момче му била ампутирана ногата под коленото откако го нападнала џиновска бик-ајкула на брегот на Флорида!

Малиот Џејмсон Ридер нуркал 12 километри од Флорида Кис во саботата кога почувствувал остар убод на ногата.






Целото негово семејство го гледало хоророт од чамецот кога го нападнала бик-ајкула долга 2,5 метри. Го фатила за ногата и почнала да ја кине.

По кратка борба со водното чудовиште, Џејмсон успеал да се врати во чамецот, но со огромна повреда на ногата. За среќа, на чамецот на неговото семејство имало медицинска сестра која веднаш ги презела сите мерки за да не искрвари момчето.

Околу раната била поставена обвивка за да запре крварењето, а момчето со хеликоптер било пренесено во детската болница „Никлаус“ во Мајами.

Поврзани содржини