РЕЧИСИ 1.400 СТОГОДИШНИЦИ ЖИВЕАТ ВО МОСКВА Бројот на највозрасните жители пораснал за 200 за една година

Бројот на жителите на Москва на возраст од 100 и повеќе години се зголемил за речиси 200 лица за една година, покажуваат податоците на градскиот Оддел за труд и социјална заштита.

0

Бројот на жителите на Москва кои имаат 100 или повеќе години се зголемил за речиси 200 лица во текот на изминатата година, па во руската престолнина моментално живеат околу 1.400 стогодишници, соопшти градскиот Оддел за труд и социјална заштита.

– Според податоците на Одделот, во градот моментално живеат речиси 1.400 лица на возраст од 100 или повеќе години. Во рамките на повозрасната популација, 432.000 жители на Москва се постари од 80 години, а 65.000 се постари од 90 години – изјави извор за тамошните медиуми.






Во октомври минатата година, Москва имала околу 1.200 жители постари од 100 години. Во тој период, повеќе од 415.000 жители на градот биле постари од 80 години, од кои над 59.000 имале повеќе од 90 години.

Податоците од април годинава покажувале дека во Москва живееле 1.342 лица на возраст од 100 или повеќе години. Во истиот период, во градот имало околу 419.700 жители кои наполниле 80 години, како и околу 62.500 лица постари од 90 години.

Повод за објавувањето на податоците е Меѓународниот ден на постарите лица, кој се одбележува на 1 октомври.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, по тој повод им упати честитка на постарите жители на руската престолнина.

– Овој празник е уште една можност да им се заблагодариме за нивната љубов, грижа и добрина. За нивниот труд во одгледувањето на децата и внуците. За нивниот огромен придонес во развојот на Москва – напиша Собјанин на својот канал на Телеграм.

Тој на своите највозрасни сограѓани им посака добро расположение, здравје, благосостојба и долг и среќен живот.

Поврзани содржини