СПОРЕД ПУТИН, СИТЕ ЌЕ ВОЗИМЕ КИНЕСКИ АВТОМОБИЛИ „Европските фабрики се затвораат“
Претседателот на Русија оцени дека европската автомобилска индустрија се наоѓа во длабока криза. Според него, кинеските производители веќе ја користат ситуацијата и сè посилно навлегуваат на пазарот.
Европејците наскоро главно ќе возат кинески автомобили бидејќи европската автомобилска индустрија е во длабока криза, а нејзините претпријатија се затвораат, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.
– Автомобилската индустрија во Европа, па каде е таа? Во длабока криза. Претпријатијата се затвораат. Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили. Дали е тоа добро или лошо, не знам, но тие се евтини и квалитетни – рече Путин на пленарната седница на Меѓународниот клуб за дискусии „Валдај“ во Москва.
Кинеските автомобили, според Путин, веќе масовно се користат во Русија, каде што производителите од Кина значително го проширија своето присуство.
Тој нагласи дека економската соработка меѓу Москва и Пекинг не оди само во една насока.
Путин посочи дека уделот на руската индустриска стока на кинескиот пазар постојано расте и оцени дека трговската размена меѓу двете земји е двострана.
На седницата Путин зборуваше и за војната во Украина. Според него, нападите со дронови за време на изборите во Русија, Украина го отежнала продолжувањето на мировните преговори.
Рускиот лидер изјави дека Москва била подготвена да ги продолжи преговорите за Украина на 21 септември, ден по изборите за Државната дума.
Путин вели дека Русија и натаму е подготвена да ги започне преговорите и што побрзо да ги заврши.пл