„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски прашува зошто уште ние треба нешто да менуваме

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вели дека не треба да се прифатат уставни измени „по која било цена“ и бара да се објасни дали тоа е последното барање во процесот.

0

Често на состаноците во НАТО кажувам дека, ако ние сме таму, во тоа семејство, во таа унија, рамноправни и еднакви, разговараме за воена помош, за трошење средства подеднакво, исти проценти одвојуваме од буџетот, зошто да не сме еднакви и во друго семејство кое е навидум слично, каде што најголем дел од партнерите се внатре“, вели министерот за одбрана Владо Мисајловски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

– Зошто ние нешто треба да смениме? Јас често велам – името е променето, променета е химната, променето е знамето, банкнотите се сменети. И ова го кажувам. И во опозиција велевме: Дали е ова последното нешто? Јас ова го кажувам поинаку бидејќи сум имал можност да работам и во МНР. Бев дел од таа комисија за добрососедство. Бев дел тогаш кога не сакавме да прифатиме да нема реципроцитет, за да немаме сега проблеми како заедничката историја. И секогаш кога тоа не било прифатено, доаѓа Влада на СДСМ, ветува, и дури сега во изјавите гледате дека има изјави кон Бугарија од македонски политичари, од претседателот на СДСМ и други – рече Мисајловски.






Министерот за одбрана оцени дека предлогот што го прифатиле СДСМ и коалицијата е предлог што, според него, македонскиот народ не го прифаќа.

– Не може по која било цена да ги прифатиме уставните измени, за утре повторно да имате пречка. Ние велиме: Дали е ова последното нешто? Нека се објасни. Добра е иницијативата да седнат претставници на ЕУ, па и претставници на НАТО. Има иницијатива, ние предлагаме – рече Мисајловски.

Мисајловски обвини дека во Македонија има политичари кои, како што рече, на дневна основа би направиле секаква отстапка само за да биде прифатено нешто што го бара Бугарија.

Мисајловски: ЕУ е стратешка цел, но уставни измени не по секоја цена

Македонија останува посветена на членството во Европската Унија, но уставни измени не треба да се прифаќаат по секоја цена без јасни гаранции дека нема да следуваат нови условувања, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тој оцени дека по промената на името и другите отстапки што ги направи државата во изминатите години во евроатлантскиот процес, граѓаните имаат право да знаат дали актуелните барања се последни на европскиот пат, нагласувајќи дека Владата е подготвена да разговара за решенија, но не и да прифаќа нови обврски кои би можеле да отворат дополнителни спорови во иднина.

Осврнувајќи се на односот меѓу евроатлантските и европските интеграции, министерот рече дека на состаноците на НАТО често го поставува прашањето зошто земјата е рамноправна членка на Алијансата, а сѐ уште се соочува со пречки на патот кон ЕУ.

– Ако ние сме таму, во тоа семејство, во таа Унија, НАТО, разговараме за воена помош, за трошење средства, одвојуваме исти проценти од буџетот, зошто не сме еднакви во друго семејство кое е навидум скоро слично – рече Мисајловски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија,

Тој потсети дека во изминатите години земјата направила повеќе отстапки во евроинтегративниот процес.

– Зошто се ние нешто треба да смениме? Јас често пати велам името е променето, променета е химната, променето е знамето, банкнотите се сменети. И ова го кажувам. И во опозиција велевме дали е ова последното нешто? Јас ова го кажувам поинаку бидејќи сум имал можност да работам и во МНР, јас бев дел од таа комисија за добрососедство. Бев дел тогаш кога не сакавме да прифатиме да нема реципроцитет, да немаме сега проблеми како заедничката историја. И секогаш кога тоа не било прифатено, доаѓа Влада на СДСМ, ветува, и дури сега во изјавите гледате дека има изјави кон Бугарија од македонски политичари, од претседателот на СДСМ и други – рече Мисајловски.

Во интервјуто Мисајловски нагласи дека најголем дел од граѓаните биле против Францускиот предлог и оцени дека ВМРО-ДПМНЕ добила поддршка на изборите поради противењето на таквите решенија.

Според него, постои опасност со прифаќањето на актуелните барања во иднина да се отворат и нови прашања.

– Ако сме целосно усогласени со Европската Унија, не може постојано да добиваме нови услови – рече Мисајловски.

Тој повтори дека членството во НАТО и Европската Унија остануваат стратешки цели на државата, но додаде дека тие не треба да се остваруваат по цена на нови отстапки кои би ги довеле во прашање националните позиции и интереси.

Според него, дел од политичарите во земјава се подготвени да прифатат дополнителни отстапки за да бидат исполнети бугарските барања во евроинтегративниот процес.

Поврзани содржини