ПРЕЖИВЕА НАПАД ОД АЈКУЛА, СЕ РАЗБУДИ ПО 11 ДЕНА Австралијанката Лија ја изгуби раката во нападот

Австралијанката која беше нападната од ајкула претрпе тешки повреди и останува во критична состојба, но семејството вели дека првото будење им донело нова надеж.

114

Болничката соба во Сиднеј накратко се претворила во место на олеснување и солзи, откако Лија Стјуарт, жената која беше тешко повредена во напад од ајкула, се разбудила од индуцирана кома и ги поздравила своите најблиски.

Нејзиниот брат Џошуа Стјуарт изјави дека лекарите привремено ги намалиле лековите за да ја разбудат, а покрај нејзиниот кревет биле мајката, партнерот и тој.






– Тоа се случи многу побрзо отколку што очекувавме. За нас ова е чудо и исполнување на сè за што се надевавме и се молевме во текот на изминатата недела – изјави Џошуа.

Останува во критична состојба

Лија Стјуарт беше нападната од ајкула на 13 јуни додека пливала во близина на плажата Куги кај Сиднеј.

Поради повеќекратните каснувања на рацете и нозете загубила голема количина крв и била итно пренесена во болница, каде што поминала низ повеќе операции. Лекарите биле принудени да ѝ ампутираат една рака.

– Пред неа е долг пат, но ова е многу позитивен прв чекор кој ни дава надеж за закрепнување – додаде нејзиниот брат.

Серија напади во Австралија

Наставничката од Сиднеј е една од жртвите во серијата напади од ајкули што годинава ја потресоа Австралија.

Во јануари беа регистрирани четири напади за само два дена, а едно момче во Сиднеј подоцна им подлегна на повредите. Минатиот месец беа забележани уште два смртоносни напади, во Квинсленд и во Западна Австралија.

Поврзани содржини