5.000 ЧЛЕНКИ ВО KARIERA.MK Компанијата слави и за 150.000 корисници
Во изминатите пет ипол години, колку што и овој сервис постои во земјава, кариера.мк има склучено соработка со 5000 компании, зачленила 150.000 корисници кои пребарувааат работа и огласила огромен број слободни работни места во преку 30 категории или сфери на работењето.
Денес е голем и среќен ден за тимот на kariera.mk – прославуваат 5.000 зачленети компании во нивниот сервис во изминатите години!
– Особено ни е драго што во изминатите години, kariera.mk на пазарот се постави како иновативен и поразличен сервис за огласување слободни работни места кој беше препознат од многу успешни компании од земјата и регионот – велат од компанијата.
Заштитниот знак на kariera.mk e колибрито, најмалата и најприлагодлива птица на светот. Со своите фасцинантни способности да се движи флексибилно и да го менува правецот на движење екстремно брзо и лесно, комплетно го прикажува духот на тимот на оваа компанија, млади, брзи и секогаш спремни за промени и прилагодување кон нивните клиенти.
Во изминатите пет ипол години, колку што и овој сервис постои во земјава, кариера.мк има склучено соработка со 5000 компании, зачленила 150.000 корисници кои пребарувааат работа и огласила огромен број слободни работни места во преку 30 категории или сфери на работењето.
– Во портфолиото на компании клиенти на kariera.mk гордо се запишани од најголеми до најмали компании од сите индустрии. 5.000 зачленети компании за нас претставуваат огромна среќа и поттик за уште повеќе успешни соработка и во иднина. Ги поканувам сите компании кои имаат потреба од проширување на своите тимови, директно да нѐ исконтактираат како би можеле да им го олесниме патот до квалитетен кадар – вели Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на kariera.mk.
Тимот на kariera.mk продолжува да брза кон нови победи. Денеска истовремено слави и за 150-илјадитиот зачленет корисник на нивниот сервис што дополнително покажува дека соработката со компаниите ги доближува и до корисниците кои се во константна потрага за подобра иднина и кариера.
– Им благодариме од срце на сите 5.000 компании кои ни ја дадоа довербата и ветуваме уште подобри и поинтересни продукти на кои напорно секојдневно работиме за значително да ја олесниме потрагата по одлични апликанти за сите огласи за вработување на нашиот сервис! Кariera.mk – Вистинската работа за тебе! – порачуваат од компанијата.