КРАЛСКИОТ КЛУБ НЕ ПЛАТИ НИТУ ЕВРО Ридигер ќе игра за Реал Мадрид до 2026 година

Германецот дојде во мадридски Реал без обесштетување, откако му истече договорот со Челси.

290

Германскиот фудбалски репрезентативец Антонио Ридигер потпиша денеска официјално договор со Реал Мадрид, објави шпанскиот првак.

Ридигер (29) претходно денеска ги мина медицинските прегледи во Мадрид, а потоа во присуство на претседателот на Реал, Флорентино Перез, потпиша четиригодишен договор со актуелниот шпански и европски првак.






Германецот дојде во мадридски Реал без обесштетување, откако му истече договорот со Челси.

Ридигер во Реал ќе го носи дрес со бројот 22.

Поврзани содржини