ПРВА КНИГА НА ХИНДИ ОСВОИ БУКЕРОВА НАГРАДА „Гробница од песок“ го воодушеви жирито
Приказната е за 80-годишна жена по смртта на нејзиниот сопруг. Сместена е за време на поделбата на Индија во 1947 година.
Гетанџали Шри стана првиот индиски добитник на меѓународната Букерова награда со нејзината книга „Гробница од песок“ (Tomb of Sand), јави германската новинска агенција ДПА.
Приказната е за 80-годишна жена по смртта на нејзиниот сопруг. Сместена е за време на поделбата на Индија во 1947 година.
Станува збор за прва книга на јазикот хинди што влезе во потесниот избор за наградата од 50.000 фунти. На англиски е преведена од Дејзи Роквел.
– Зад мене и оваа книга, лежи богата и просперитетна книжевна традиција на хинди и на други јужноазиски јазици – истакна таа.
Претседателот на судиите Френк Вајн изјави оти не прочитал ништо слично на „Гробница од песок“.