РУСКИОТ АМБАСАДОР ПОВИКАН ВО МНР Протерани се шест дипломати

Од МНР посочуваат дека протераните руски дипломати извршувале активности кои се во спротивност на Виенската конвенција.

137

Денес во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата, информираа од Министерството за надворешни работи на Македонија.

Од МНР посочуваат дека протераните руски дипломати извршувале активности кои се во спротивност на Виенската конвенција.






„Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“, се вели во соопштението од МНР.

Поврзани содржини