ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОДОБРА НАПЛАТА Македонско кредитно биро – основа за сигурен бизнис
Оваа институција уште од 2008 година обезбедува информации со кои правните лица може да ја подобрат наплатата на своите побарувања.
Досегашното искуство на деловното работење кај нас, покажува дека фирмите најчесто се соочуваат со недоволно познавање на ликвидноста на бизнис-партнерите со кои соработуваат, како и со нивното подмирување на финансиските обврски, наплатата на побарувањата и уште со ред други неизвесности.
Токму немањето увид во вистинските информации, може да доведе и до ризични зделки што го загрозуваат понатамошното работење или партнерство. За среќа, постојат начини да се дојде до точните информации и тоа преку Македонското кредитно биро (МКБ). Оваа институција уште од 2008 година обезбедува информации со кои правните лица може да ја подобрат наплатата на своите побарувања. Македонското кредитно биро управува со единствениот систем во кој се врши собирање, обработување и размена на податоци за финансиските обврски на правните и на физичките лица и дава информации за задолженоста и редовноста во подмирувањето на овие обврски кои се неопходни за обработка на детални извештаи за финансиската стабилност на правните и на физичките лица.
Базата на податоци со кои располага МКБ се ажурира на дневна и месечна основа, што носи поголема сигурност при деловното одлучување и унапредување на работењето. Македонското кредитно биро располага и нуди различни видови извештаи кои обезбедуваат брз и лесен увид во сопствениот статус на долговите и нивното подмирување. За физички лица се Сопствениот извештај, Извештајот за блокада и други, а од извештаите за правни лица се Корпоративен-бонитетен извештај, Кориснички извештај, Сопствен извештај за правни лица, меѓународни извештаи, мониторинг на правни субјекти, АСИС(алармен систем за известување на субјекти) и други.
Користењето на услугите на Македонското кредитно биро значи поседување здрав темел врз кој се гради успешна компанија.