ЗА ВЛАКНО СЕ СПАСИ ОД ЗАТВОР Барди заработи двегодишна условна казна поради лажната возачка дозвола

Барди го признал делото по што судијата ја преиначил одлуката и ја сменил во условна казна во траење од две години.

716

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е осуден на затворска казна од четири месеци поради возење со фалсификувана возачка дозвола.

Барди го признал делото по што судијата ја преиначил одлуката и ја сменил во условна казна во траење од две години.






Енис Барди во април минатата година бил запрен од полицијата во Валенсија, по што полицијата му побарала документи за идентификација и возачка дозвола. Еден од полицајците се посомневал дека дозволата е фалсификат и со дополнителна проверка било откриено дека недостасуваат безбедносни ознаки на документот.

Барди тогаш соопшти дека возачката дозвола му е легално издадена, но сепак судот пресуди дека е виновен и доколку го повтори делото во следните две години, тој ќе мора да се соочи со казна затвор од четири месеци.

Поврзани содржини