ВЛЕГУВАМЕ ВО ГОДИНАТА НА ТИГАРОТ Нè очекува енергичен и динамичен период
Министерството за транспорт во Пекинг очекува до 1,18 милијарди патувања да бидат остварени во текот на петнеделната новогодишна сезона. Тоа би било една третина повеќе од лани, но значително помалку од речиси трите милијарди патувања остварени во 2019 година.
Кинезите ширум светот се подготвуваат да ја дочекаат Годината на тигарот. Според традиционалниот кинески месечев календар, новата година почнува вечерва, на полноќ во Пекинг.
Годината на тигарот следи по Годината на бикот. Тигарот, третото од 12 хороскопски животни во кинеската митологија, претставува енергија и движење.
Оваа година, традиционалниот Семеен фестивал во Кина повторно е ограничен од пандемијата. Многу луѓе не можат да ги посетат своите роднини поради неодамнешното заострување на ограничувањето за патувања.