ТЕЖОК ЖИВОТ ИМАЛА СВРШЕНИЦАТА НА РОНАЛДО На работа одев со автобус, а се враќав со неговото „бугати“
Пред Георгина да му стане девојка на славниот фудбалер, работела во еден од бутиците на модниот бренд „Гучи“ во Мадрид, Шпанија, а нејзиното семејство не било добростоечко.
Георгина Родригез (27), свршеницата на Кристијано Роналдо (36), наскоро ќе има сопственот реално шоу под назив „Јас сум Георгина“ (Soy Georgina), во кој ќе гледаме како изгледа нејзиниот живот, но сѐ повеќе детали се познати и пред емитувањето на „Нетфликс“.
View this post on Instagram
Пред Георгина да му стане девојка на славниот фудбалер, работела во еден од бутиците на модниот бренд „Гучи“ во Мадрид, Шпанија, а нејзиното семејство не било добростоечко.
– Од продавање на луксузни парчиња, јас преминав на нивното носење на црвениот тепих. Денес имам милиони следбеници и јас сум девојката на најследениот маж на светот“, рекла Георгина во интервјуто за британски „Сан“.
Георгина во интервјуто изјавила дека и` било тешко да се навикне на раскошниот начин на живот на фудбалерот, бидејќи претходно не живеела во богатство.
View this post on Instagram
– На работа одев со автобус, а се враќав дома во Бугатито на Роналдо. Морав да се навикнам на тоа – рекла таа.
Како што вели, ѝ требало половина година да научи да се движи во вилата на Роналдо, бидејќи не можела да запамти каде е која просторија.
„Кога првпат почнав да живеам во вилата на Кристијано, се губев секој пат кога одев во кујната по вода. Понекогаш ми требаше половина час да се вратам од дневната соба бидејќи не го знаев патот. Порано живеев во мали станови. Ми требаше околу половина година за конечно да дознаам каде се собите во неговиот дом“, додала Георгина.
Георгина сега живее вистинска бајка. Ужива во скапи патувања, раскошни вили, носи исклучиво луксузна брендирана облека, лета со приватни авиони… Нешто што ниту на сон не го сонувала.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм