ПОДВАРИЈАНТА НА ОМИКРОН СЕ ШИРИ ВО ЕВРОПА „БА. 2“ стигна и во Австрија

Според Улрих Елинг, генетичар од Австрија, оние кои веќе се заразиле со омикрон не би требало да се заразат со „БА. 2“, иако е можен „двоен удар“. Сојот се ширеше во Северна Европа, но со анализа на отпадни води тој беше потврден и во Австрија. „БА. 2“ се разликува од омикрон-сјот во 18 мутации на шилестиот протеин.

1,537

Нова подваријанта на омикрон-сојот наречена „БА. 2“ е забележан во Австрија, Норвешка, Шведска, Велика Британија и во Данска, каде го замени сојот „БА. 1“, јавува Танјуг. Освен што се претпоставува дека сојот ќе биде попродорен кај оние кои веќе имаат имунитет од прележана корона или се вакцинирани, не се знае многу за новата мутација.

Според Улрих Елинг, генетичар од Австрија, оние кои веќе се заразиле со омикрон не би требало да се заразат со „БА. 2“, иако е можен „двоен удар“. Сојот се ширеше во Северна Европа, но со анализа на отпадни води тој беше потврден и во Австрија. „БА. 2“ се разликува од омикрон-сјот во 18 мутации на шилестиот протеин.

 






Светската здравствена организација (СЗО) вели дека омикрон-сојот, има три главни подсоеви, „БА. 1“, „БА. 2“ и „БА. 3“. Заклучно со 23 декември, СЗО објави дека над 99 отсто од случаите што ги секвенционирале биле од мутацијата „БА. 1“. Вчера, Данска објави дека со „БА. 2“ се заразени речиси половина од случаите во земјата.

Поврзани содржини