И БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ЈА ПАУЗИРАШЕ ВАКЦИНАЦИЈАТА СО БСЖ Ја користеле истата бугарска вакцина

Одлуката е преземена по информациите за сомнителни несакани реакции кај четири вакцинирани деца во Хрватска.

0

Откако употребата на БСЖ вакцината против туберкулоза, произведена од бугарски „Бул Био“, беше привремено запрена во Хрватска и во Македонија, истата одлука ја донесоа и здравствените власти во Федерацијата Босна и Херцеговина, по пријавени случаи на остеомиелит кај вакцинирани деца во Хрватска. Мерките се донесени поради претпазливост и ќе важат додека траат проверките. Истовремено, бугарските институции тврдат дека засега нема докази за неисправност на вакцината и дека во дел од случаите можеби била аплицирана десеткратно повисока доза од пропишаната.

На 6 октомври и Федерацијата Босна и Херцеговина привремено ја запре дистрибуцијата на бугарската БСЖ вакцина и препорача таа да не се користи додека не заврши дополнителната истрага. Одлуката е преземена по информациите за сомнителни несакани реакции во Хрватска.






Претходно, Хрватска ја запре дистрибуцијата и употребата на сите серии од вакцината на „Бул Био“ по четири пријави за можен остеомиелит – воспаление на коската – по вакцинација. Хрватските власти нагласуваат дека запирањето е превентивно и не значи дека веќе е утврден дефект на производот.

И Македонија привремено ја стопираше имунизацијата со конкретната бугарска вакцина додека се проверува нејзиниот квалитет. Министерот за здравство Сашо Клековски соопшти дека спорните серии што се поврзуваат со случаите во Хрватска се од 2022 и 2023 година и нивниот рок за употреба во земјава веќе е истечен, поради што тие не се аплицираат. За да не се прекине имунизацијата, најавено е користење јапонска БСЖ вакцина.

Следните чекори ќе зависат од проверките на конкретните серии, медицинската документација на четирите хрватски случаи и утврдувањето на точната доза што била аплицирана.

БСЖ вакцината се користи со децении за заштита од тешки форми на туберкулоза кај децата. Затоа здравствените власти во регионот сакаат да се уверат во безбедноста на бугарските вакцини, но истовреммено не сммеат да дозволат прекинот на редовната имунизација да трае долго.

ДАЛИ Е ВИНАТА ВО БУГАРСКАТА ВАКЦИНА ИЛИ ВО ХРВАТСКАТА ВАКЦИНАЦИЈА? Спротивставени тези за несаканите ефекти на БСЖ кај четири хрватски дечиња

Поврзани содржини