ЛЕКОТ НА „ФАЈЗЕР“ ЗА КОВИД-19 ОДОБРЕН ВО САД Паксловид ќе може да се зема дома
Таблетата може да се дава на високоризични пациенти постари од 12 години, наведува американската агенција.
Американската агенција за лекови (ФДА) ја одобри употребата на лекот на „Фајзер“ против ковид-19 , што е оценето како важна фаза во борбата против пандемијата, и може да им овозможи на милиони пациенти да добијат третман.
– Ова одобрување обезбедува ново средство за борба против ковид-19 во важен момент за пандемијата, кога се појавуваат нови соеви – рече Патриша Кавазони, функционерка во ФДА.
Таблетата може да се дава на високоризични пациенти постари од 12 години, наведува американската агенција.
Лекарството – Паксловид – ќе може да се земе дома и треба да спречи тешки форми на болеста.