ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ТАЖНАТА ФОТОГРАФИЈА НА КИЈАНУ РИВС Актерот ја откри вистината (ФОТО)
Фотографијата стана вирална и еден од најпопуларните „мимови“.
Холивудскиот актер Кијану Ривс се обиде да објасни што навистина му се поминувало низ глава кога неговата фотографија на социјалните мрежи станала таканаречен интернет-мим „Тажниот Кијану“.
Сѐ започнало со папарацо фотографијата на Ривс, од 2010 година, на која се гледа како актерот замислен седи сам на клупа во Њујорк и јаде сендвич.
Набрзо стана вирална во различни фотошопирани варијанти, на кои корисниците на мрежата, во согласност со контекстот, додаваа текст или фотографија на друга личност, додека Кијану седеше на клупата во истото издание – изгубен во мислите.
View this post on Instagram
Мимот се појавуваше и на различни веб-страници, беше споменуван во поп-културата, а се користеше и за комерцијални цели, за продавање производи со ликот на Ривс, од маици до фигури.
View this post on Instagram
За време на гостувањето во „Доцно шоу“ актерот низ смеа рекол дека всушност само се обидувал да го изеде сендвичот. Меѓутоа, Ривс со посериозен тон додал дека размислувал за некои работи, но дека најмногу бил окупиран со ручекот.
Водителот го држел стрипот BZRRKR на Ривс, за чие издание уметникот Рон Гарни нацрта неколку варијации на мимот „Тажен Кијану“.
На прашањето зошто мимот е направен на тој начин, актерот рекол:
– Немам поим. Само јадам сендвич – се насмеал Ривс.
Се обидел да објасни:
– Во ред, размислував, нешто ми се случуваше. Бев гладен. Значи, животот и уметноста. Рон Гарни е неверојатен уметник кој илустрира и црта за BZRRKR. Не знаев дека ќе го направи тоа. Но, го направи. Мислам дека тоа е некаква креативна работа на жанрот. Тој решил да го забележи тој момент, а ликот чекал да се случи тоа. Затоа што американската влада го проучува, се обидува да открие зошто е бесмртен, зошто се регенерира. Само се обидувам да сфатам зошто постојам – раскажал Ривс.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм