ГРАШО ПРВПАТ ПРОГОВОРИ ЗА ЉУБОВТА СО ХАНА Еве што рече…

Петар ја започнал врската со Хана по раскинувањето со пејачката Даниела Мартиновиќ, со која беше во врска повеќе од 24 години.

2,528

Хрватскиот пејач Петар Грашо првпат јавно проговори за врската со музичарката Хана Хуљиќ.

– Многу сме среќни и задоволни. Така треба да биде. Хана е многу добра и среќни сме – изјавил пејачот за „ИнМагазин“.






„Ние го живееме својот живот и важно е луѓето околу нас да бидат задоволни и сите да бидат спокојни“, додал тој.

Неодамна на социјалните мрежи се појавија заеднички фотографии од парот, а пред неколку недели беа снимени додека се шетале низ улиците на Сараево. Фотографите ги фатиле во Башчаршија, а Хана цврсто ја држела за рака Грашо.

Родителите на Хана, Вјекослава и Тончи Хуљиќ ја благословија нивната врска. Набргу откако се дозна за нивната врска, се појави информација дека Хана се вселила во станот на Грашо на загрепски Бундек. Хана, исто така, го придружува Грашо на повеќето настапи.

Потсетуваме, Петар ја започнал врската со Хана по раскинувањето со пејачката Даниела Мартиновиќ, со која беше во врска повеќе од 24 години.

Инаку, Хана како девојче се појави во спотот на песната на Даниела во 1993 година, а Даниела беше долгогодишна семејна пријателка на семејството Хуљиќ.

 

Поврзани содржини