ТЕТОВЦИ ВОЗАТ НЕИСПРАВНИ ВОЗИЛА Полицијата казни 22 возачи во јавниот превоз
Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај, а санкционирани се и 13 други видови сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово информира дека вчера на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.
Има казни за 22 неисправни возила, како и санкции за сторени прекршоци во сообраќајот.
–При контролата, откриени и санционирани се вкупно 22 неисправни возила. Најголемиот број од нив – 12 имале неисправни сопирачки, кај две возила била констатирана неисправност на уредите за управување, а кај три возила неисправност на други уреди – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај, а санкционирани се и 13 други видови сообраќајни прекршоци.