СВЕТИНИКОЛЕЦ СЕ ОБИДЕЛ ДА ГО ПОВРЕДИ СО МЕТАЛНА ШИПКА Градоначалникот на Лозово пријавил дека му е загрозена сигурноста

445

Градоначалникот на Лозово Ацо Велковски во полиција пријавил загрозување на сигурноста во село Каратманово.

Од МВР денеска соопштија дека на во саботата околу 17.20 часот во ОВР Свети Николе А.В., градоначалник на општина Лозово пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“ во с.Каратманово, светниколско, од страна на С.С.(47) од ова село, кој во С. Каратманово тргнал кон него со метален предмет.






Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се посочува во информацијата од МВР.

Поврзани содржини