10 ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА ГО ПОСЕТИТЕ ВО СЕПТЕМВРИ Тасос – зелениот грчки дијамант
B&D Luxury Suites во најпопуларното место на Тасос, Скала Потамија, располага со 11 ултра модерно уредени апартмани кои нудат сместување за двајца, четворица или шестмина. Oпремени се со модерен мебел, целосно опремена кујна, просторна бања, тераса свртена кон преубавиот голем хортикултурно уреден двор со палми и цвеќиња кои водат до приватен базен.
Првата средба со островот Тасос наликува на филмска сцена – кристално чисто море, многубројни скриени плажи, ситен песок, борова шума, маслинови дрвја, археолошки наоѓалишта. Овој остров личи на потоната планина во морето, прекриена со медитерански бор и зимзелени дрвја, поради што уште го нарекуваат и зелен дијамант. Тасос е најсеверниот грчки остров на Егејското море на само 200 км од Солун, и на само 8 км од најблиската точка од грчкото копно. До островот се стигнува преку модерен автопат што води до грчкиот град Кавала, или од местото Карамоти од каде со ферибот се патува половина час до островот Тасос. Од Скопје до островот се патува вкупно 5 часа.
Овој преубав украс на Егејското Море е омилена дестинација за голем број туристи, вистинско магично место за оние кои што сакаат топло море, мир, зеленило, свеж воздух, без галама и преголеми гужви. На островот и плажите е пријатно за семејства со деца, кои можат да уживаат преку целиот ден на плажа, поради пријатната клима и топлото море, особено во септември. На островот можете да уживате на големиот број уредени, но и на диви плажи, и да го дочекате најубавото изгрејсонце или зајдисонце. Да возите велосипед околу целиот остров, да дишете чист воздух и да го почувствувате мирисот на зелениот бор, да наидете на маслинка стара илјада години, да нуркате со прекрасни риби. Островот Тасос е познат и по белиот мермер, пчеларството, што е многу важна активност на островот, но и по висококвалитетното маслиново масло. Најдобриот сувенир што можете да го понесете од островот е мед од црн бор или шишиња маслиново масло.
Ќе ви наброиме само 10 причини зошто B&D Luxury Suites одлучи да изгради објект во најпопуларното место на Тасос, Скала Потамија. Тој располага со 11 ултра модерно уредени апартмани кои нудат сместување за двајца, четворица или шестмина, опремени со модерен мебел, современо уредена и целосно опремена кујна, просторна бања, тераса свртена кон преубавиот голем хортикултурно уреден двор со палми и цвеќиња кои водат до приватен базен.
B&D Luxury Suites нуди одлична промотивна можност во септември за сместување, уживање, дружења, тимска работа, за приватни и деловни настани во новите, модерни апартмани. Песочните плажи и кристално чистото море е на само 2 минути пеш од апартманите. Преку ден уживање во смарагдно зеленото море, на преубавите песочни плажи, а навечер свежина и мир испреплетени со мирис на борова шума и маслинови дрвја, покрај базенот во B&D Luxury Suites.
Овој модерен објект е изграден 2021 година, а во него имате можност да бидете меѓу првите гости. Сместен е во најубавиот дел на зелениот остров, Скала Потамија, со преубави златни плажи како што ги нарекуваат мештаните, таверни, многубројни продавници, пристаниште каде што секое утро и вечер ве пречекуваат рибари со штотуку уловена свежа риба, гостопримливост на локалното население.
Отворете го линкот и уверете се сами:
телефон на кој веднаш може да резервирате: +30 694 7646694
Десет причини, поради кои треба да го посетите овој преубав грчки остров, токму овој септември.
1. Мора целосно да го обиколите островот. Секоја локација на Тасос е преубава, островот не е голем. Има автопат долг околу 90 километри кој поминува по целиот брег. Ова значи дека можете да го обиколите целиот остров за еден час.
2. На Тасос има најубаво изгрејсонце и зајдисонце. Ако сте утрински човек кој сака да станува рано, да џогира или да пие кафе со звукот на брановите, тогаш сте на вистинското место во Скала Потамија. А навечер можете да уживате во зајдисонцето со мирис на море и свежа морска храна.
3. Крстарењето околу островот е посебно искуство. Само треба да одберете една од многуте локални понуди во туристичките агенции во Скала Потамија.
4. Изобилува со диви плажи. Брегот на Тасос е многу вовлечен, затоа на секои 500 метри ќе наидете на напуштен залив во чие тиркизно синило веднаш ќе посакате да пливате.
5. Рај за сите гастрономи. Островот особено ќе им се допадне на љубителите на морска храна. За пристојни цени можете да уживате во разновидни специјалитети.
6. Мирис на море во планина. Може да одвоите едно попладне да го посетите селото Панагија, на само 10 минути од Скала Потамија. Една од легендите вели дека во ова село живеат најдолговечните и најздравите луѓе.
7. Манастирот „Св. Архангел Михаил“. Причината зошто манастирот е дестинација на многу аџии е тоа што се верува дека го чува светиот клин од раката на Христос од распнувањето. Манастирот е познат и по својот извор на вода.
8. Грчко кафе за оние кои сакаат домашно кафе. Разликата помеѓу грчкото и турското кафе е во тоа што Грците не чекаат водата да зоврие. Вкусот е скоро идентичен, со малку повеќе пена и е малку „послаб“ од оној на кој сме навикнати.
9. Опуштете се на грчка вечера. На Тасос ќе наидете на таверни каде што ќе уживате во домашно вино и храна, проследени со ритам на грчка музика.
10. Прекрасни плажи со кристално чиста вода. Тасос изобилува со прекрасни, претежно песочни плажи. Иако е тешко да се избере најубавото, најпопуларни се плажите Голден бич, која се наоѓа во местото Скала Потамија, во непосредна близина на B&D Luxury Suites. Оваа плажа го носи „Синото знаме“ на Европската унија кое се доделува за чистота. Таа е покриена со ситен, речиси брашно, златен песок. До Мермерната плажа се стасува по земјен пат, по кој се пренесува мермер од рудникот. Плажата е покриена со бел ситен меремер, кој секогаш е ладен, а дното на морето е исто така прекриено со мермер. Алики е залив каде што морето се гледа од двете страни на археолошкиот локалитет – оваа плажа е првиот избор на љубителите во нуркање. Лагуната Ѓол се смета за вистинска атракција на островот, природен базен во морето, создаден во карпа. Во големиот избор на плажи ќе ја вброиме и монденската плажа Ла скала, фенси и модерно уредена плажа, особено примамливо место за помладите.
телефон на кој веднаш може да резервирате: +30 694 7646694