ИЛИР ХАСАНИ ПО ОСТАВКАТА СЕ ВРАТИ НА ТРАУМАТОЛОГИЈА Сподели и фотографија од работното место

Хасани два дена откако изгоре модуларната болница во Тетово и загинаа 14 луѓе, поднесе оставка од функцијата, заменик на министерот Венко Филипче.

1,228

Заменик министерот за здравство Илир Хасани се врати на работа, на Клиниката за трауматологија.

Денеска тој на својот фејсбук профил објави фотографија од неговото претходно работно место, хирург и информира дека им се враќа на своите работни обврски, како лекар специјалист по општа хирургија со субспецијалност трауматологија.






„Back to work!“ напиша Хасани под фотографијата.

Хасани два дена откако изгоре модуларната болница во Тетово и загинаа 14 луѓе, поднесе оставка од функцијата, заменик на министерот Венко Филипче.

Оставката, како што напиша Хасани ја поднел од морални причини.

Поврзани содржини