ОВА Е „НАЈТАЖНИОТ СЕНДВИЧ“ ВО СВЕТОТ Погледнете како изгледа, а чини околу 350 денари (ФОТО)
Се разбира, тешко е да се очекува некој кулинарски специјалитет на летот со „ниска цена“, но овој сендвич буквално ќе го растажи секој што e гладен и ќе ја побара насмеаната стјуардеса за да си купи нешто да касне.
Една патничка на меѓународна авиокомпанија била изненадена кога за време летот ја послужиле со „најтажниот сендвич во светот“.
Оброкот што го добила се состоел од само две парчиња сува кифла и две парчиња нерамномерно исечена бледа шунка, која едноставно била вметната во лебот без намаз или прелив.
Ако сендвичот беше бесплатен, веројатно би рекле „подарок не се гледа во заби“ или „што е залудно и на Господ му е мило“, но овој „мајсторски“ направен сендвич ја чинеше патничката дури 5 и пол евра или скоро 350 денари!
Се разбира, тешко е да се очекува некој кулинарски специјалитет на летот со „ниска цена“, но овој сендвич буквално ќе го растажи секој што e гладен и ќе ја побара насмеаната стјуардеса за да си купи нешто да касне.
Патничката рекла дека не го вратила сендвичот и не ги побарала парите назад од проста причина што била многу гладна.
Но пред да касне од овој тажен сендвич, таа испратила фотографија до пријателка која ја објавила на Твитер.

Следуваа смешни коментари.
Некој се пошегувал со неа дека можеби требало да доплати за „екстра путер“.
Сепак, таа одговори на една забелешка дека е лесно да се пожали дека нејзиниот лет бил пријатен, како и персоналот, и дека сендвичот изгледал смешен и малку преценет.