Сакам да испијам чаша ракија и да запалам цигара: Марина Туцаковиќ со години се бори со ракот, но од пороците не се откажа

1,866

Марина Туцаковиќ, една од најпознатите текстописци на овие простори, која со години се бореше со рак на дојка, откри претходно дека последните терапии не даваат резултат и дека повеќе не може да оди поради својата болест. Таа истакнува дека нејзината борба со ракот е тешка, но сепак останува позитивна и храбра и нема намера да се предаде, пишува „Мондо.рс“.

Туцаковиќ прави сè за да ја победи болеста, но сепак од некои пороци не може да се откаже. И покрај предлозите на лекарите и блиските луѓе, таа не се откажала од цигарите и алкохолот.






Таа истакнува дека понекогаш сака да се напие пиво и да ужива во никотинскиот чад, иако поради нејзината болест не треба да ги консумира споменатите работи.

– Откога дознав каква е мојата дијагноза, целосно им се предадов на лекарите. Не сакав ниту секунда да се мешам во нивната работа. Не истражував за мојата болест, а секое одење кај лекар го гледам како излегување во град. Што е, тука е. Продолжуваме понатаму. Нема да дозволам ракот да биде целиот мој свет – рекла Туцаковиќ за „Стори“.

– Јас ја гледам болеста како нешто што ми се случува во моментот. Работам колку што можам, не се откажав од готвење, шопинг, патувања, како ниту од алкохол. Сакам да се напијам чаша ракија или пиво, додека извесно време цигарите ги оставив, но повторно им се вратив. Кога пушам, тоа е кратко и ја гасам цигарата. Штом се чувствувам подобро, палам цигара, но не сум страствен пушач кој не може без никотин – додала Туцаковиќ.

 

 

Поврзани содржини