Досега во Македонија не е фрлена ниту една вакцина против ковид-19

Не се случило вакцини да се фрлат, сите растворени дози се искористени за вакцинирање или ревакцинирање на граѓани, велат од Министерството за здравство на прашање на Плусинфо колку вакцини против ковид-19 досега се фрлени во Македонија.

286

Не се случило вакцини да се фрлат, сите растворени дози се искористени за вакцинирање или ревакцинирање на граѓани, велат од Министерството за здравство на прашање на Плусинфо колку вакцини против ковид-19 досега се фрлени во Македонија.

„Процесот на вакцинирање е плански организиран, отворањето на вијалите е строго контролирано и не се случило вакцини да се фрлаат. Во сите вакцинални пунктови има посебни тимови кои ја следат состојбата на пристигање на граѓани за вакцинација, како и тим задолжен за делење на вакцини по вакциналните кабини. Сите вакцини планирани за тековиниот ден не се вадат од фрижидер и не се одмразнуваат одеднаш сите, туку тоа оди строго контролирано“, објаснуваат од Министерството.






За секоја вакцина постои посебен протокол како се употребува, кога се одмрзнува, колку време треба да се чува на собна температура. За употребата на сите вакцини кои се аплицираат во земјава АстраЗенека, Фајзер/Бионтек, Спутник V, Синофарм постојат детални упатства за здравствените работници кои се објавени и на страницата ковид19вакцинација.мк.

Вакцини не се фрлени ниту поради поминат рок, додаваат од Здравство.

До саботата интерес за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk изразиле 431.770 граѓани.

На вакциналните пунктови заклучно со сабота 29.05.2021, вакцинирани се вкупно 234.508 граѓани. Вкупно се аплицирани 315.781 дози вакцини, од кои ревакцинирани се 81.273 граѓани. Со последните бројки 47% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41% од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.

Вчера стаса нова пратка со 11.700 дози вакцини од Фајзер. Се очекува и пратката од 500.000 дози вакцини од Синовак, но сѐ уште не се знае кога тие ќе стасаат во земјава.

Поврзани содржини