Алијанса и Алтернатива поднесоа иницијатива пред Уставен за ослободувањето од патарини на српските граѓани
Коалицијата смета дека одлуката на Владата е во спротивност со законот за уплата на патарините и во исто време ги става во нееднаква положба странските граѓани на соседните држави коишто транзитираат преку С Македонија.
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива пред Уставниот Суд поднесе иницијатива за проценка на законитоста на одлуката на Владата со која граѓаните на Србија се ослободуваат од патарините.
Правниот претставник на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, адвокатот Абидин Абдули, откако ја поднесе иницијативата до Уставниот Суд, изјави дека секоја одлука на владата треба да биде во согласност со позитивните закони на земјата.
– Оваа одлука е во спротивност со законот за уплата на патарините и во исто време ги става во нееднаква положба странските граѓани на соседните држави коишто транзитираат преку С Македонија – рече Абдули.