Исплатени се 1,7 милијарди денари субвенции за тутунот

Станува збор за производителите кои што произведениот тутун го предале  во регистриралните откупни центри: „Тутунски комбинат“ Прилеп, „Алијанс“, „Сокотаб“, „Пашоски“, „Секе“, „Орбита табак“, „Кавекс Балкан“, „Мисириан“ и „Бако“.

190

На сметките на 28.168 субјекти се исплатени близу 1,7 милјарди денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020 година, информира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој.

Станува збор за производителите кои што произведениот тутун го предале  во регистриралните откупни центри: „Тутунски комбинат“ Прилеп, „Алијанс“, „Сокотаб“, „Пашоски“, „Секе“, „Орбита табак“, „Кавекс Балкан“, „Мисириан“ и „Бако“.






Висината на директните плаќања изнесува 80 денари по килограм  за прва класа произведен и предаден тутун, 70 денари за втора класа , и 60 денари  за трта класа произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.

Заедно со оваа исплата  од почеток на годината на сметките на земјоделците исплатени се близу 3,5 милјарди денари за субвенции по повеќе мерки.

Поврзани содржини