Заев одлукуван од Трговско – индустриската комора на Атина
Со средбата во Атинската трговско-индустриска комора, премиерот Заев ја заокружи дводневната работна посета на Атина и учеството на Економскиот Форум Делфи.
Одликување како признание за неговиот придонес во унапредувањето на економските и политичките врски меѓу Грција и Северна Македонија од страна на претседателот на Атинската трговско-индустриска комора, Константинос Михалос денеска му е дадено на премиерот Зоран Заев, информира владината прес-служба.
Михалос, како што соопштија од владата, искажал голема благодарност за посветената работа на премиерот Заев и за неговите заложби за зацврстување и унапредување на економската соработка меѓу двете земји.
На средбата присуствувале истакнати стопанственици, членови на комората од повеќе сектори како енергетика, индустрија, ИТ индустријата, фармацијата, кои искажаа интерес за инвестирање и за нови вложувања со партнери од Северна Македонија.
Премиерот Заев, се вели во владиното соопштение, се заблагодарил за честа за доделеното одликување и за укажаното признание и подвлече дека Владата на Северна Македонија континуирано се залага за подобрување на деловниот амбиент и за инвестициски вложувања.
Со средбата во Атинската трговско-индустриска комора, премиерот Заев ја заокружи дводневната работна посета на Атина и учеството на Економскиот Форум Делфи.