Алијанса и Алтернатива: Обвинителството да покрене обвинение против Симовски

316

Алијанса за Албанците и Алтернатива бараат Обвинителството да поднесе обвинение проти директорот и заменикот на Државниот завод за статистика за непочнувањето на пописот.

– Државниот Завод за Статистика којшто денес информира дека нема да започне пописот на терен, кога веќе според Законот на сила пописот почна, извршува кривично дело. Одбивањето да се спроведе законот е силен удар врз принципот на правна сигурност, како основен концепт на правна држава.  Го повикуваме Обвинителството итно да ги преземе потребните мерки за зачувување на правната држава и владеењето на правото,  со тоа што ќе поднесе обвинение против директорот и заменик директорот на Државниот Завод за Статистика – велат од АА-А.

 

Поврзани содржини