Ограбена Бијонсе, разбојниците украле предмети вредни милион долари ФОТО

390

Популарната пејачка Бијонсе (39) овој месец беше мета на разбојници двапати, а беа украдени и нејзините предмети во вредност од над милион долари.

Имено, три магацини за складирање во Лос Анџелес, кои пејачката ги изнајмила со цел да чува скапоцености, беа провалени двапати овој месец.






Ѝ биле украдени многу скапи чанти и фустани, пишува ТМЗ. Меѓу украдените предмети од магацинот има фотографии, детски играчки и чанти на еден од нејзините стилисти.

Полицискиот оддел во Лос Анџелес им соопштил на новинарите дека крадците избегале со скапоцени предмети кои претежно ѝ припаѓаат на Бијонсе.

Тие исто така зедоа детски играчки и фотографии на еден нејзин стилист, а меѓу другото е и славниот фустан опшиен во дијаманти, што Бијонсе го носеше на доделувањето на Греми наградите.

Досега немало апсења за овој случај, а полицијата сè уште истражува кој е вмешан.

Бијонсе не е првата пејачка што е ограбена на овој начин. На почетокот на годинава беше ограбена и пејачката Мајли Сајрус. Иако сторителите не се идентификувани, некои од нејзините работи веќе се пронајдени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Поврзани содржини