ДЗС: Не може да се самопопишат лица кои се откажале од македонското државјанство

Прв услов е лицата што се попишале да ги има во базата на државјани на МВР, информираат од Државниот завод за статистика.

332

Државниот завод за статистика најостро ги демантира информациите што се појавија во јавноста дека постои можност да се самопопишат и лица кои се откажале од македонското државјанство. Тоа се дезинформации, објавија од ДЗС на официјалниот Фејсбук профил.

„Прв услов е лицата што се попишале да ги има во базата на државјани на МВР. По вкрстување на базите, оние лица коишто ги нема ќе бидат отстранети, иако се обиделе да се попишат со пасивизиран матичен број. ДЗС дејствува по сериозна методологија и се води по најстрогите и најсовремени стандарди на проверки при попишувањето и секој обид за дезинформирање и манипулирање со населението ќе биде веднаш демантиран и разобличен“, појаснуваат од ДЗС.

Поврзани содржини