Русковска: Пред Ристовска дадов изказ за бегството на Мијалков

Обвинителката вели дека освен неа, искази дале и неколку истражители од обвинителството, кој според неа, го лишиле од слобода Мијалков.

442

Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, пред два дена дала исказ за случајот со бегството на поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков. Русковска информацијата ја соопшти денеска во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Предметот за тоа дали постоело бегство го води Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, а надлежна обвинителка е Ленче Ристоска.






Обвинителката рече дека освен неа, искази дале и неколку истражители од обвинителството, кој според неа, го лишиле од слобода Мијалков.

– Jaс знам дека колешката Ленче Ристовска ја води истрагата за бегството на Сашо Мијалков и во четвртокот земаше исказ и од мене и од истражителите кои го лишија од слобода Сашо Мијалков. Така да за повеќе информации во врска со тоа ќе треба да се обратите кај нејзе – рече Русковска.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, на 26 февруари годинава доби затворска казна во траење од вкупно 12 години за случајот „Таргет-Тврдина“ за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание. Судот одлучи да го прифати предлогот на обвинителката Ленче Ристоска која побара ефективен наместо домашен притвор за Мијалков до правосилноста на пресудата.

Поврзани содржини