Двократниот светски првак во Формула 1, Фернандо Алонсо, е пуштен на домашно лекување по операцијата на вилицата, соопшти неговиот тим Алпин.
На шпанскиот возач во Формула 1 минатата недела му беше оперирана горната вилица, откако во четвртокот, додека возел велосипед, во него удри автомобил во близина на домот во Лугано.
– По дводневниот мониторинг во болницата во Швајцарија, Фернандо Алонсо е пуштен на домашно лекување – соопшти неговиот клуб, додавајќи дека Шпанецот кратко време ќе мине во целосно мирување пред да почне со подготовките за стартот на новата сезона.
Претсезонските тестирања во Формула 1 се закажани од 12 до 14 март на патеката Шахир, каде на 28 идниот месец ќе стартува новата сезона со Големата награда на Бахреин.