Експерти: Вакцинираните не треба да одат во карантин по контакт со зарзени
Агенцијата одредила строги критериуми за луѓето кои по вакцинирањето повеќе не би требало да одат во карантин, вклучувајќи го примањето на двете дози од вакцината. Целосно вакцинираните лица кои не одат во карантин мораат и натаму да внимаваат на симптомите 14 дена по изложувањето на вирусот.
Лицата кои ја примиле полната доза на вакцината против ковид-19 можат да ја избегнат стандардната постапка од 14-дневен карантин ако имале контакт со заразено лице сѐ додека останат асимптоматски, советуваат американски експерти за јавно здравство.
Американскиот центра за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави дека вакцинацијата го спречува симптоматскиот ковид-19, за кој се смета дека има поголема улога во пренесувањето на вирусот од асимптоматски заболените.
– Индивидуална и социјална корист избегнување на непотребен карантин може да ги надминат потенцијалните, но непознати ризици на пренос ( меѓу вакцинираните лица) – истакнува ЦДЦ.
Агенцијата одредила строги критериуми за луѓето кои по вакцинирањето повеќе не би требало да одат во карантин, вклучувајќи го примањето на двете дози од вакцината. Целосно вакцинираните лица кои не одат во карантин мораат и натаму да внимаваат на симптомите 14 дена по изложувањето на вирусот.
Вакцините на Фајзер и Модерна во две дози одобрени се за итна употреба во САД. Компанијата Џонсон и Џонсон минатата недела поднела барање за американско одобрение за својата вакцина која се дава во една доза.