Тешка сообраќајка на патот Волково-Орман, автомобил се преврте на кров (ФОТО)
Засега нема официјални информации, но се гледа дека несреќата се случила на само неколку метри од основното училиште Јоаким Крчовски.
Страшна сообраќајна несреќа се случи утрово под надвозникот на патот помеѓу Волково и Орман. Фотографии од превртениот автомобил се објавени на Фејсбук страницата „Ѓорче Петров“.
Засега нема официјални информации, но се гледа дека несреќата се случила на само неколку метри од основното училиште Јоаким Крчовски.
„Се надеваме нема повредени, внимателно возете не го загрозувајте вашиот, а и животот на останатите учесници во сообракајот“, стои во објавата на Фејсбук.