Демократски сојуз: Да не се претвора езеро Треска во градилиште на урбаната мафија

Партијата бара Град Скопје да не дозволува езерото да се одземе од граѓаните.

1,652

Демократскиот сојуз бара Советот на Град Скопје и Градоначалникот на Скопје, да ги преземат сите законски мерки за да спречат езерото Треска да се одземе од граѓаните на Скопје.

– Езерото е градено со самопридонес на граѓаните на Скопје и никој друг нема право да располага со него – велат од ДС.






Партијата ја повика Владата да ги активира државните институции за да спречат уништување на езерото и претварање на истото во градилиште и профит на урбаната мафија.

– Независно какви се постапки се спроведени, граѓаните на Скопје на референдум одлучија да се гради, за тоа платија и никој друг на смее локацијата да ја пренамени и да ги лиши граѓаните од рекреативен центар толку потребен на сите – велат од Демократскиот сојуз.

Поврзани содржини