Откажан првиот меч на ракометниот Мундијал
Одлуката доаѓа откако Зеленортските острови во саботата останаа без доволен број играчи по два позитивни случаи на коронавирус.
Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) соопшти претпладнево дека денешниот меч од второто коло во групата А на Мундијалот во Египет меѓу Германија и Зеленортските острови е откажан и регистриран со службени 10:0 за германската репрезентација.
Одлуката доаѓа откако Зеленортските острови во саботата останаа без доволен број играчи по два позитивни случаи на коронавирус.
Мечот од третото коло во групата А меѓу Зеленортските острови и Уругвај засега останува на распоредот, откако африканската репрезентација ја известила ИХФ дека ќе повика нови ракометари во својот табор.