Земјава ќе инвестира до 7,5 милиони евра во изградбата на гасниот терминал „Александрополис“ во Грција

Владата најавува и гасна централа во Битола и пренамена на термоелктраната во Неготино.

999

Земјава ќе инвестира меѓу 6,5 и 7,5 милиони евра во гасниот терминал „Александрополис“ во Грција. Тоа, како што рече во одговор на пратеничко прашање, премиерот Зоран Заев ќе биде 10 отсто од целокупната инвестиција и наша директна инвестиција во Грција.

Грција веќе има 20 отсто учество, учествува и Бугарија so 20 отсто, а една американска и една грчка компанија се останатоте партнери.






Изградбата на интерконекторот со Грција, како што рече премиерот Заев, е проект вреден 54 милиони евра, од коишто, од инвестициската рамка за Западен Балкан, имаме 14 милиони евра грант.

-Завршена е целата документација, почетокот на 2021 година очекуваме почеток на изградбата на овој интерконектор, којшто ја дава за прв пат можноста да влезе втор, трет, четврти, петти извор на гас – рече Заев.

Според планираното до 2023 година треба да биде пуштен гасниот терминал и гасната станица.

Премиерот рече и дека ќе учествуваме со 25 отсто во гасната централа во „Александрополис“. Електраната е  со инсталирана моќност до 800 мегавати во која нашата држава преку АД ЕСМ би имала сопственост од 25 отсто.

Заев најави можност од инвестиции во гасни централи и во земјава.

– До крајот на јануари ќе биде готова физибилити студијата на ТЕЦ Неготино каде што ќе објавиме повик за јавно-приватно партнерство за ТЕЦ Неготино да се пренамени во гасна електрана – рече Заев.

Тој најави и гасна централа во Битола за што, како што рече, се почнати преговори со големи американски компании

Поврзани содржини