Д-р Докиќ: Во пораст е бројот на пациенти со оштетување на белите дробови како последица на ковид-19
Голем број од пациентите од Инфективната клиника се префрлаат на Пулмологија затоа што имаат намалена сатурација на крвта со кислород, односно сè уште имаат потреба од кислородна поддршка и имаат проблеми со дишењето. Можеме да кажеме дека ова е ран пост-ковид синдром - вели пулмологот Д-р Дејан Докиќ.
Бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 првпат во последните два месеца падна под 1.000, но сепак, лекарите предупредуваат дека место за опуштање нема, бидејќи вирусот и понатаму е смртоносен особено за повозрасните луѓе.
Пулмологот Д-р Дејан Докиќ за Канал 5 вели дека голем број од пациентите од Инфективната клиника се префрлаат на Пулмологија затоа што имаат намалена сатурација на крвта со кислород, односно сè уште имаат потреба од кислородна поддршка и имаат проблеми со дишењето.
– Чести се тромбоемболиите во белодробните артерии, но исто така можат да се направат промени и во крвните садови на срцето и во мозокот. Се разбира дека поголем е бројот на пациенти во овој период коишто боледуваат од ковид-19, а истовремено имаат и тромбоемболии. Кај нив е малку поспецифичен третманот, а најтешките случаи завршуваат фатално. Во пораст е бројот на пациентите коишто имаат оштетување на белите дробови по прележувањето на вирусот. Голем број од пациентите од Инфективната клиника се префрлаат на Пулмологија затоа што имаат намалена сатурација на крвта со кислород, односно сè уште имаат потреба од кислородна поддршка и имаат проблеми со дишењето. Можеме да кажеме дека ова е ран пост-ковид синдром – вели Докиќ.