Спасовски: Пријавете „корона-журка“ анонимно на бесплатниот број 0800-00-201

Денеска ќе излеземе со еден проект за бесплатен телефонски број, анонимен, и повикувам секој граѓанин да помогне и да биде партнер во спречувањето на ширењето на вирусот, рече министерот.

377

Полицијата денеска ќе отвори анонимен бесплатен телефонски број 0800-00-201 на кој граѓаните ќе можат да пријавуваат организирани настани и прослави, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Денеска ќе излеземе со еден проект за бесплатен телефонски број, анонимен, и повикувам секој граѓанин да помогне и да биде партнер во спречувањето на ширењето на вирусот и таму каде што ќе има организирани настани и прослави да извести на тој телефонски анонимен број – изјави Спасовски во „Утрински брифинг“.






Спасовски потсети дека групирање на повеќе од четири лица е забрането и ако требало да се овозможи групирање, во одлуката би стоело – освен ако имаат негативни тестови.

Поврзани содржини