Крај за расипништвото, градоначалник ги собра клучевите од сите службени возила

1,189

Новиот градоначалник на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, кој вчера официјално ја презеде функцијата, нареди сите клучеви од повече од 50 службени автомобили да бидат вратени. Тој на Инстаграм објави фотографија со работна маса полна со клучеви.

– Никој веќе нема право да користи службени автомобили за приватни цели, како што беше досега. Над 70 проценти од службените автомобили не беа на паркингот пред градската администрација по работното време. Ќе донесеме одлука сите службени автомобили да бидат обележани, а подготвен е и нов Правилник за употреба на овие возила – истакна Станивуковиќ.

Тој додаде дека има и автомобили во вредност од околу 50 000 евра, кои, како што најави, ќе се продаваат „затоа што има повеќе приоритетни работи за граѓаните на Бања Лука“.

Станивуковиќ посочи дека расипничкото однесување мора да се запре.

Поврзани содржини