Пипа Мидлтон (37), помладата сестра на Кејт Мидлтон, која со сопругот Џејмс Метјуз има двегодишен син Артур, е бремена со своето второ дете, а целото семејство е воодушевено од веста за доаѓањето на приновата.
На децата на Кејт и принцот Вилијам – принцот Џорџ (7), принцезата Шарлот (5) и принцот Луис (2) – ќе им пристигне уште еден член во друштвото за игра.
– Пипа и Џејмс се воодушевени. Ова е фантастична вест во оваа тешка година. Целото семејство е воодушевено – изјави извор близок до семејството за „Пејџ сикс“.
Помалата сестра на Кејт Мидлтон се омажи за Метјуз во 2017 година. Двојката, која моментално живее во Лондон, купува куќа Баклебери Фарм Парк со површина од 29 хектари, лоцирана во Беркшир, недалеку од семејната куќа на Мидлтон.