Проблеми за македонската фудбалска репрезентација – двајцата напаѓачи имаат корона
Несторовски, поради ковид-19, не бил во составот на Удинезе, во саботата против Џенова (1:0).
Напаѓачите на македонската фудбалска репрезентација, Илија Несторовски и Влатко Стојановски, се позитивни на коронавирусот.
Двајцата беа дел од македонската експедиција што играше на Кипар против Ерменија, во Лигата на нации.
Несторовски, поради ковид-19, не бил во составот на Удинезе, во саботата против Џенова (1:0).
Стојановски, фудбалер на второлигашот Шамбли, бил ставен во изолација веднаш по враќањето во Франција.