МАКЕДОНИЈА ИМА НАЈЕВТИНИ ГОРИВА ВО РЕГИОНОТ Стојановски вели дека земјава има и најголем обем на мерки за нивна стабилност
Пратеникот очекува цената на горивата во земјава и во наредниот период да бидат најниски во регионот бидејќи течат преговорите меѓу владата и најголемиот снабдувач со нафта и деривати. Тоа, како што вели, денеска го соопштил и премиерот Христијан Мицкоски.
Македонија има најевтина цена на горивата во регионот, додека, пак, македонската влада има најголем обем на мерки за стабилноста на цената на горивата во регионот, тврди во објава на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски.
Тој сподели и графички приказ од неколку анализи на цените на горивата во Македонија и регионот.

Стојановски очекува цената на горивата во земјава и во наредниот период да бидат најниски во регионот бидејќи течат преговорите меѓу владата и најголемиот снабдувач со нафта и деривати. Тоа, како што вели, денеска го соопштил и премиерот Христијан Мицкоски.
Сепак, пратеникот вели дека е факт дека цената на горивата е вонредно висока и наведува дека причина за тоа е кризата на Средниот Исток која има планетарно влијание и скоро сите земји на светот се афектирани од тоа.
-Но исто така треба да се истакне и напорот кој се вложува за овие цени да бидат што е можно пониски – цели Стојановски.